Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ во водство по пребројување на 70% од гласовите

  • Соња Трајковска
  • известувач Скопје

ВМРО-ДПМНЕ во водство по пребројување на 70% од гласовите

ВМРО-ДПМНЕ во водство по пребројување на 70% од гласовите

Според податоците на ДИК, партијата и нејзината коалиција освоиле 260.198 гласови, наспроти најголемата опозициона партија СДСМ и партнерите со 214.965 гласови.

Според првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија, од обработени 70% од гласовите, коалицијата што ја предводи владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега е во водство со 260.198 гласови наспроти најголемата опозициона партија СДСМ и партнерите со 214.965 гласови. Во досегашното сумирање на резултатите од денес одржаните вонредни парламентарни избори, ДУИ осовила 67.668 гласови, ДПА 33.456, НДП на Руфи Османи 16.667, ВМРО- НП 16.436, Обединети за Македонија со 9.594, Нова демократија со 11.669, а ЛДП со 8.621 гласови.

ДИК реши податоците да не ги презентира на прес-конференции како што досега беше обичај, туку преку видо-бим, онака како што се слеваат во аналитичкиот центар.

На улиците на Скопје и на голем број други градови, симпатизерите на ВМРО- ДПМНЕ веќе ја слават победата, откако оваа партија од својот штаб прогласи дека ќе освои 55 од 123-те пратенички места во новиот парламентарен состав. Според тие партиски податоци, СДСМ би освоил 39 места. Аналитичкиот центар на ВМРО- ДПМНЕ соопшти и дека владејачката партија ги осовила сите три пратенички места од дијаспората.

Премиерот Никола Груевски во обраќањето до граѓаните непосредно пред полноќ им оддаде признание за мирните и фер избори и, како што го нарече, празникот на демократијата во земјата. И тој го потврди претходно кажаното од партискиот штаб, дека неговата партија е победник на овие избори.

Според последните пребројувања во СДСМ, претставени неофицијално пред новинарите, на државно ниво ВМРО-ДПМНЕ има 55 илјади гласови предност во однос на СДСМ, односно ВМРО-ДПМНЕ освоила 373 илјади гласа, а СДСМ 318 илјади. По изборни единици, израмнето е единствено во првата со 42 илјади за двете партии.

Генералната оценка е дека денешните избори, седми по ред од независноста на Македонија и втори вонредни, минаа во исклучително мирна атмосфера, без поголеми нерегуларности. Истото го потврдија и странските амбасадори во земјава, амбасадорот на САД Филип Рикер, на ЕУ Петер Соренсен и директорот на набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР, кои беа на теренот и директно го следеа процесот.

XS
SM
MD
LG