Линкови за пристапност

Дијаспората гласа еден ден порано

  • Ведран Андоновски
  • Глас македонски

Дијаспората гласа еден ден порано

Дијаспората гласа еден ден порано

Во Вашингтон регистрирани 48 избирачи, до 11 часот гласаа над 40%.

До 11 часот по американско, или 17 часот по македонско време, на гласачкото место 5040 во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон гласаа над 40% од регистрираните гласачи. Тука се регистрирани вкупно 48 избирачи од дијаспората.

Претседателката на Изборниот одбор 5040 Сунчица Јовановска се надева дека сите до крајот на денот ќе го искористат правото на глас. Местото е отворено од 7 часот наутро до 7 навечер.

„Среќни сме што можеме да гласаме, да го дадеме нашиот глас“, вели Крум Иванов, кој дојде да гласа во Вашингтон од соседниот Мериленд.

„Го оценувам гласањето како многу позитивно, затоа што ние сме исто Македонци, се залагаме да успеат реформите во Македонија, да биде просперитетна држава, да оди напред“, коментира Милка Ковач од Вашингтон.

Драги Коњановски минал значителен пат, дури од Флорида, само за да биде во Вашингтон на гласањето: „Не ми претставуваше тешкотија. Ова ми беше баш желба, да имам можност повторно, по шест години откако живеам во Америка, да гласам за македонскиот парламент“.

XS
SM
MD
LG