Линкови за пристапност

ДУИ предложи нови имиња во владата


ДУИ предложи нови имиња во владата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

ДУИ предложи нови имиња во владата

По оставката на 8-те министри и 4-те заменици-министри на ДУИ, Али Ахмети предложи нивна замена

Собранието ги констатираше оставките на министрите и замениците-министри од редовите на ДУИ што минатата седмица „интегративците“ на Али Ахмети ги поднесоа во Владата. Во неколку минути претседателот на парламентот Трајко Велјановски ја заврши процедурата.

„Констатирам оставка на вицепремиерот задолжен за европски прашања“ - изјави претседателот на Собранието Трајко велјановски на денешната седница

Релативно непознати за јавноста – со такви предлози за нови министри и заменици излезе лидерот на ДУИ. Али Ахмети достави листа од 12 кандидати за позициите на кои минатата седмица поднесоа оставки дел од негови најблиски соработници и луѓе од врвот на партијата како на пример Муџа Џафери, Фатмир Бесими и Беким Незири. Фестим Халили е предлог за нов вицепремиер за европски прашања, на местото на Фатмир Бесими.

Арбер Адеми ќе го наследи местото на Муса Џафери како вицепремиер задолжен за спроведување на рамковниот договор. Валдет Џафери е кандидат за министер за правда на позицијата што ја извршуваше Аднан Јашари. Пиштар Лутфиу наместо Абдилаким Адеми во образование. Дритон Кучи е предлог за министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа и Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции.Беким Максути, Агим Нухиу, Фатон Положани и Гзим Беадини се избор на Ахмети за заменици во одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и финансии. Карактеристично за предложените е дека станува збор за претежно млади лица, досега непознати во јавноста, но ниту во вискоите политички и партиски кругови.

„Проветрувањето“ на кадри на ДУИ во првиот и во вториот владин ешалон доаѓа во пресрет на најавеното распуштање на парламентот кое, за да се запази рокот за одржување на предвремените избори на 5-ти јуни, треба да се случи до среда на полноќ. Смената на сите министри и заменици-министри коинцидира и со објавувањето на телефонскиот разговор со експлицитна содржина на кој наводно се слушаат гласовите на партиските функционери Муса Џафери и Ермира Мехмети – чин што раководството на ДУИ меѓу другото го искористи за „генералката“ во владините редови

XS
SM
MD
LG