Линкови за пристапност

Македонија: Демократија во криза


Двајца професори од САД сметаат дека демократските стандарди во државата се еродирани

Политичката криза во Македонија е кулминација на долготрајна ерозија на демократските вредности, смета Милада Вачудова од Универзитетот Чепел Хил во Северна Каролина:

„На денот на гласањето изборите беа фер и слободни, но пред изборите, партиите немаа еднаков пристап до медиумите. По изборите - нема почит на демократските стандарди, ниту за исходот од слободните избори.“

Милада Вачудова, Универзитет Чепел Хил
Милада Вачудова, Универзитет Чепел Хил

Арнауд Курз, професор на Државниот Универзитет Монтклер во Њу Џерси, смета дека начинот на кој реагираат политичките институциите во државата во справувањето со кризата го става под знак прашалник владеењето на правото во земјата:

„Политичката елита навидум се обидува да најде решение, но тие цврсто се држат до своите идеолошки позиции во обид да ја задржат власта.“

Арнауд Курз, Државен Универзитет Монтклер
Арнауд Курз, Државен Универзитет Монтклер

Според Вачудова, Европската Унија има делумна одговорност за ситуацијата, заради спорот со името. Блокадата од Грција му дало можност на Груевски да ја консолидира власта, вели таа:

„Мислам дека ако Македонија се врати на регуларните демократски процедури, ќе видиме обновен притисок од членките на Европската Унија кон Грција за да го крене ветото.“

Курз не гледа перспектива на процесот на проширување источно од границите на Хрватска во моментов, но верува дека европското посредништвото за изнаоѓање на решение за кризата треба да продолжи, посебно заради загрижувачката ситуација со медиумите.

И двајцата аналитичари се согласни дека за излегувањето од кризата ќе биде потребно време, но дека првите чекори за враќање на демократските стандарди треба да почнат веднаш.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG