Линкови за пристапност

Кризата во Македонија – ризик за автократски тренд


Кризата во Македонија – ризик за автократски тренд
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Дискусија во „Фридом хаус“ во Вашингтон, за можните последици од ситуацијата во Македонија врз Западен Балкан

Ако кризата во Македонија не се реши преку мирен трансфер на власта, постои вистинска опасност од автократски тренд во регионот. Ова беше еден од заклучоците на вчерашната дискусија во „Фридом хаус“ во Вашингтон, за можните последици од кризата врз иднината на Западен Балкан.

Според нив, прашање на време е кога македонската ситуација ќе им се случи и на сличните владетели во регионот, ако не ги адресираат проблемите навреме.

Никола Димитров, поранешен амбасадор на Македонија во САД, вели дека без владеење на право, стабилност на институциите и слободни медиуми нема излез од кризата.

„Овие проблеми се предизвик за целиот регион. Разликата е што во Македонија, машинеријата на злоупотреби беше јавно откриена со прислушувањето. Сите ја слушнавме. На многу начини, ова ќе биде голема лекција за сите лидери во регионот, дали ако бидат фатени во слично нешто, ќе можат да се извлечат“, вели Димитров.

Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии на Југосточна Европа, вели дека постои можност ситуацијата во Македонија да се одрази врз стабилноста на Западниот Балкан.

„Ќе доведе до тренд на влади кои не се одговорни, кои не го почитуваат владеењето на правото и ја задушуваат слободата на медиумите. Тоа оди во негативен правец, и единствен начин да се излезе од тоа би било некаков вид револуционарна криза, што не е во ничиј интерес. Тоа е една од последиците што можат да се случат“, смета Бибер.

Според Игор Бандовиќ, од Европски фонд за Балканот, САД и Европската унија треба да помогнат во промовирање и поддршка на одговорни влади во овој регион.

„Влади кои ќе можат да осигураат владеење на право, демократија и човекови права. Со овие вредности, граѓаните ќе можат да се чувствуваат послободно, отворени и демократски“, убеден е тој.

Тие заклучија дека постојат црвени линии, кои владите на Балканот не смеат да ги поминат, а САД и ЕУ мора да покажат поголема решителност за одредени прашања, бидејќи според нив, моменталниот вакуум создава простор за руско влијание во овие држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG