Линкови за пристапност

Таравари: Влада со сите албански партии, без Тачи


Таравари: Влада со сите албански партии, без Тачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00

Генералниот секретар на Движењето за реформи на ДПА, очекува преговори за новата влада следната недела, по денешното предавање на мандатот

Идната недела се очекува да почнат преговорите за новата влада, во која би требало да влезат сите политички партии на Албанците, освен партијата на Мендух Тачи, вели Арбен Таравари, генерален секретар на Движењето за реформи на ДПА, по денешното предавање на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Ние се` уште немаме одлука како политичка партија, дали ќе влеземе во владата. Најверојатно Централното претседателство овие денови ќе се состане и ќе одлучи. Пред повеќе од еден месец, ги предадовме потписите на нашите пратеници на Заев, но, тие беа дадени само за земање на мандатот. Ја разгледуваме и опцијата да останеме во опозиција, но, да ја изгласаме таа влада“, изјави Таравари, за Гласот на Америка.

Тој додаде дека за нивната партија најважно е да се почитува декларацијата, во која се вклучени унапредување на јазикот на Албанците, поддршка на Специјалното јавно обвинителство, европскиот пат на државата, НАТО членството, како и рамноправен економски развој во сите региони на Македонија.

„Ќе најдеме најдобро решение за употребата на албанскиот јазик, која нема да може да падне од Уставен суд, а кое ќе биде прифатливо од сите политички партии, потписнички на декларацијата. Ќе најдеме привремено решение, додека да се создадат услови, двата јазика да бидат рамноправни“, вели Таравари.

Според него, претседателот Ѓорге Иванов треба да одговара за петмесечното одложување да го предаде мандатот, со што двапати го прекрши Уставот на Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG