Линкови за пристапност

Ако Иванов не даде мандат, која е другата опција?


Експерти, за Гласот на Америка, со нивни видувања за можни опции за формирање влада

Доколку претседателот Ѓорге Иванов не му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, согласно Уставот, на парламентарното мнозинство му стои на располагање друга можност, вели за Гласот на Америка, Осман Кадриу, универзитетски професор по уставно право.

Кадриу смета дека без решавање на правната криза, Македонија не може да се надева на излез од актуелната политичката криза.

„Парламентарното мнозинство ќе оди на вториот модалитет, а тоа е да нема доделување на мандат од страна на претседателот на државата, и изборот на влада да се избере на ист начин како што беше избран и претседателот на Собранието. И во Уставот, и во другите закони, стои дека надлежен орган за избор на владата е исклучиво Парламентот. На него паѓа целата одговорност и надлежност“, вели Кадриу.

Професорот Тито Беличанец, коментирајки ги последните случувања, вели дека тие се најлошото нешто што можело да се случи, а кое имало за цел да предизвика меѓунационален судир.

„Мнозинството граѓани на Македонија направија историски чекор и покажаа дека се зрели. Ако државата не ги казни сторителите на досега сторените кривични дела во финансискиот и политичкиот систем, тешко ќе може да претендира за членка на ЕУ“, вели Беличанец.

Самоил Малчески, поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека на партијата во овој момент и се неопходни длабоки внатрешни реформи.

„Во четвртокот не се случи ништо посериозно, бидејќи партиското членство откажа послушност. Ако сакаме ВМРО-ДПМНЕ на следните локални, и евентуални парламентарни избори да победи, единствен начин е актуелното раковдство да замине во историја“, вели Малчески.

Се обидовме да разговараме и со некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но, тие не беа достапни за коментар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG