Линкови за пристапност

Македонија: Идентификувани дел од насилниците

  • Синиша Станковиќ

Дирекцијата за заштита на личните податоци брише дел од профилите на социјалните мрежи преку кои се повикуваше на верска омраза и нетрпеливост, а портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе, порача да престанат протестите во Македонија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се идентификувани 14 демонстранти од Скопје на возраст од 18 до 39 години, кои во петочните протести ги каменувале зградите на Владата и на општина Чаир, како и учесници во насилствата кога беа повредени двајца сниматели и шестмина полицајци, и дека против нив ќе биде поднесена кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. МВР соопшти дека се работи и на идентификацијата на дел од малолетните насилни демонстранти.

Дирекцијата за заштита на личните податоци пак, соопшти дека се избришани дел од профилите на социјалните мрежи кои повикуваа на верска омраза и нетрпеливост, а кои беа користени и за прикривање на вистинските организатори на официјално ненајавените протести. Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓеоргиевски, изјави дека по бришењето на одделни профили, допрва ќе се анализираат состојбите и ќе се одлучи дали против некого ќе биде покренатапостапка: „Наше е да постапиме според законот, да предупредиме за некои состојби, да избришеме профил или група и да иницираме постапка, ние немаме истражни овластувања“

На редовниот брифинг во Европската комисија, Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување и соседска политика Штефан Филе, порачал да престанат протестите во Македонија, за македонските власти на мир да го решаваат петкратното убиство кај Смилковското Езеро: „Протестите се поради обемната истрага што македонските власти ја спроведуваат по убиството на младите рибари. ЕК има чиста позиција во врска со овие протести, а тоа е нашето барање истите да престанат и да се остават одговорните лица во Македонија на мир да го завршат процесот на истрага и лицата што го извршија тоа грозоморно убиство да одговараат соодветно според законите на земјата.

XS
SM
MD
LG