Линкови за пристапност

Попоски: Македонија ќе продолжи со конструктивен приод


Попоски: Македонија ќе продолжи со конструктивен приод
Попоски: Македонија ќе продолжи со конструктивен приод

„Грција не се ангажира доволно за надминување на спорот за името“, изјави македонскиот министер за надворешни работи на денешниот Амбасадорски совет

„Република Македонија не дава никакви аргументи за неконструктивност во својот пристап. Тоа е нашата политика и огледало. Останува на Република Грција да го пресретне тоа и да пристапи со позитивистички став кој во преден план ќе ги стави стратешките интереси на целиот регион. Навистина е објективен фактор тоа што се соочуваат со сериозни економски предизвици на домашен план, но тоа во никој случај не смее да биде причина за избегнување на реализацијата на стратегиската цел на регионот, а тоа е интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО“, рече да состанокот на Амбасадорскот совет, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Тој потенцираше дека Република Македонија ќе продолжи со својот конструктивен пристап за изнаоѓање на заедничко решение во спорот со Грција околу употребата на нејзиното уставно име. Во тој контекст, Попоски смета дека Грција не се ангажира доволно за надминување на спорот. Поповски смета дека доказ за тоа се одбивањата на грчкиот премиер Лукас Пападимос и на опозицискиот челник Андонис Самарас, да се сретнат со македнскиот премиер Никола Груевски.

Попоски смета дека Грција треба да го напушти концептот на барање на причини за избегнување на суштински дијало:

„Тоа што е навистина релевантен аргумент е фактот што имаме правна поткрепа во исправноста и во чесноста во пристапот на Република Македонија во овој дијалог. Тој правен аргумент кој го потврдува нашиот пристап е доста силен. Во тој поглед сметам дека мораме да се концентрираме и да не бараме причини за избегнување на суштински дијалог и изнаоѓање на сили и можности за надминување на проблемот и да излеземе од концептот на блокади кои немаат никаков темел, ниту на правна основа, ниту на основа на градење, односно остварување на стратешки цели за целиот регион“.

Македонскиот шеф на дипломатијата најави дека во 2012 година ќе биде активирана целата дипломатска мрежа на Македонија која интензивно ќе работи, според дадените насоки за амбасадорите за политичко и економско дејстување, со акцент на зголемување на активностите во однос на привлекување странски инвестиции.

Според Попоски, со пресудата на судот во Хаг, Македонија има исклучителна можност за остварување на позитивни резултати, но не е оптимист во поглед на брзи прмени кај јужниот сосед.

XS
SM
MD
LG