Линкови за пристапност

Задоволство во државниот врв по пресудата во Хаг

  • Синиша Станковиќ

Задоволство во државниот врв по пресудата во Хаг

Задоволство во државниот врв по пресудата во Хаг

Груевски му се заблагодари на Судот од името на Владата и истакна дека пресудата дава „нов позитивен импулс за одење напред во надминување на спорот за името и остранување на блокадата на Македонија“.

„Република Македонија ќе ја почитува оваа одлука согласно меѓународното право. Тоа е наша обврска. Согласно меѓународното право, Грција треба да се воздржи од понатамошно блокирање на зачленувањето на Република Македонијан во НАТО или други меѓународни организации“, изјави премиерот Никола Груевски, по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Во изјавата Груевски му се заблагодари на Судот од името на Владата и истакна дека пресудата дава „нов позитивен импулс за одење напред во надминување на спорот за името и остранување на блокадата на Македонија“. Според Груевски, за Македонија е значајна констатацијата на Судот дека Република Македонија во процесот на надминување на разликата околу името учествува со добра волја и дека покажала степен на отвореност, особено во месеците пред Самитот на НАТО во Букурешт.

Во првата реакција американскиот амбасадор Пол Волерс изјави дека „одлуката во Хаг е добра можност Македонија и Грција да ги засилат напорите и да го решат проблемот со прашањето за името“ и повтори дека ставот на Алијансата за зачленувањето на Македонија е јасен - дека Македонија ќе стане членка на НАТО кога ќе се реши спорот за името.

По едночасовниот состанок на државниот врв во вилата Водно, на кој присуствуваа шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Груевски, македонскиот претседател истакна дека пресудата од Хаг и` дава дополнителен меѓународен углед на државната политика на Република Македонија водена во изминатиот период. Иванов беше задоволен од ставот на Меѓународниот суд на правдата дека Република Македонија не ја прекршувала Времената спогодба и потенцираше дека Македонија од Грција „бара почитување и ефективна примена на Времената спогодба, како единствен документ кој ги регулира односите меѓу двете држави“. Според Иванов, наместо да го попречува, Република Грција треба да го поддржува интегрирањето на Македонија во меѓународните организации во согласност со Времената спогодба.

Според првиот парламентарец Вељановски, исклучително високо се цени потврдата на Меѓународниот суд дека Македонија во преговорите настапила со добра волја со што во целост се одбиени спротивнте тврдења на Грција. „Ваквата разврска е исто така, најсилна верификација и за македонските стремежи и приоритети, но и недвосмислен одговор насочен кон сите оние коишто на најразличен начин изминатите години ја обвинуваа Македонија за наводната недоволна посветеност во евроатланските интеграции. Македонија со таква волја и со такви цврсти залагања продолжува и понатаму“, потенцираше Велјановски.

Во една од првите експертски реакции на домашен план, професорот по Меѓународно право и ексминистер за надворешни работи д-р Денко Малевски, одговорајќи на прашањето на ТВ Канал 5 - дали пресудата во Хаг може да се користи како аргумент во понатамошниот тек на преговорите, потенцираше: „Може да се користи, се разбира, меѓутоа како и да се користи и да се интерпретира одлуката, таа не` враќа повторно на обврските од Времената спогодба, а таа во крајна линија не` обврзува да бараме решение за ова многу сложено прашање. Затоа раководството не треба да стави преголем акцент на поволната втора одлука, заборавајќи ја третата која и дозволува на Грција кога сака повторно да стави вето. Ние би можеле да се тужиме во недоглед, но нивната положба е многу покомотна, поради што, додека ние се бориме за место во овие важни алијанси, тие се веќе таму и не мора богзнае што да прават. Правно решение нема, туку политичко, а тоа значи дијалог, дипломатија, компромис..., рече Малески.

XS
SM
MD
LG