Линкови за пристапност

И новинарите од приватните медиуми на тапет на лустраторите

  • Соња Трајковска

И новинарите од приватните медиуми на тапет на лустраторите

И новинарите од приватните медиуми на тапет на лустраторите

Од денска па во следните два месеци сите новинари во редовен работен однос имаат законска обврска да поднесат изјава до Комисијата за проверка на фактите, дека не соработувале со тајните служби.

„Битно ни е до 31 јануари да ги собереме изјавите, а потоа ќе проверуваме кои не доставиле изјави и тие ќе ги ставиме во процедура“, изјави Томе Аџиев, претседател на Комисијата.

Дел од членовите на комисијата сметаат дека лустрацијата за новинарите е непотребна.

„Не треба да ги прочистуваме бидејќи не се носители на јавна функција, а медиумот не е државен орган. Според мене ниеден новинар не треба да се плаши доколку имал прилог или текст. Соработник е само оној кој што е регистриран и ангажиран за соработник, а вашите интервјуа не се сметаат за соработка“, вели Чедомир Дамјановски, член на Комисијата за лустрација.

Спорен момент кај новинарите е и тоа што голем број од нив немаат редовен работен однос, и работат како хонорарци, што значи дека процесот нема да ги опфати сите. Новинарите кои во моментот работат или некогаш работеле во државните медиуми веќе поднесоа вакви изјави. Доколку за некој новинар се докаже дека бил соработник, сопственикот на медиумот сам ќе треба да реши, дали тој ќе остане да работи.

Покрај новинарите, обврска за поднесување вакви изјави имаат и верските лидери, свештениците, претставниците на невладиниот сектор. Свештениците уште на почетокот се противеа на процесот, бидејќи како што велат живеат според божјиот закон. Сепак сите и од христијанската и од муслиманската заедница во Македонија соопштија дека ќе ја исполнат обрвската. Неисполнивањето ќе се казнува со 4.000 евра.

XS
SM
MD
LG