Линкови за пристапност

Владата и новинарите започнаа разговори


Владата и новинарите започнаа разговори
Владата и новинарите започнаа разговори

Слободата на медиумите е темата на која се планираат серија средби, за надминување на состојбите критикувани од Европа

По серијата критики од меѓународните фактори кои укажуваа на сериозни проблеми со слободата на медиумите во Македонија, денеска Владата од една и Здружението на новинари на Македонија од друга страна, седнаа на разговри со цел да најдат начини за надминување на состојбите што многумина ги гледаат како задирање во основните демократски вредности.

Делегацијата на новинарите ја предводи претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, кој рече дека во наредните две недели ќе биде изготвен акционен план по кој ќе се одвиваат преговорите и во кој ќе бидат разработени темите и динамиката на нивното решавање.

Тимот на владата го предводи Теута Арифи, вицепремиер за европски интеграции. Таа изјави дека процесот е значаен за европскиот напредок на Македонија. Меѓу другото, таа кажа дека ќе се обрне внимание на нормативната рамка, особено во насока на декриминализација на навредата и клеветата.

Ова е платформата на која се планираат серија состаноци, а што беше поттикнато од извештајот на Европската комисија минатат година, каде владата беше критикувана за сосотојбата на планот на слободата на медиумите, а медиумите известуваат дека слични забелешки ќе содржи и овогодишниот извештај што се очекува да биде објавен во среда.

XS
SM
MD
LG