Линкови за пристапност

Милошоски ја напушти функцијата

  • Синиша Станковиќ

Милошоски ја напушти функцијата

Милошоски ја напушти функцијата

Досегашниот шеф на македонската дипломатија за кого медиумите шпекулираа дека е еден од сигурните министри и во новиот тим на мандатарот Груевски, ја избра пратеничката функција, а со диппломатијата би се занимавал само преку собраниската комисија за надворешна политика.

„Имав дилема, плаќав висока и скапа цена заради предолгото и пречестото отсуство од домот. Дилемата беше дали да се биде добар министер или да се биде добар татко. ВМРО-ДПМНЕ има добри човечки потенцијали, министер може да биде и друг човек, но татко на мојот син не може да биде никој друг освен мене“, изјави досегашнот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, образложувајќи ја свјата одлука, од семејни причини да се повлече од функцијата.

Иако дел од медиумите шпекулираа дека бил под притисок на повеќегодишното тапкање во место со проблемот околу името, и дека сакал да го избегне интензивирањето на притисоците со тоа што ѓе замине за амбасадор во Велика Британија, Милошоски останува пратеник во новиот состав на собранието.

Велејќи дека одлуката не е политичка, туку човечка и родителска, Милошоски изјави дека предолго отсуство од дома и разделеноста од четиригодишиот син се превисока цена. Тој изјави: “Досега ја вршев функцијата со полн ентузијазам и целосна посветеност и имав чест што имав прилика да ги застапувам и бранам националните интереси на државата. Но, донесов лична, семејна одлука да не бидам дел од новата идна влада, за што го информирав премиерот Никола Груевски пред околу шест месеци. Патот кон оваа функција ми беше отворен и во новиот состав на владата, но имав дилема, плаќав висока цена поради пречестото и долгото отсуство од дома. Дилемата беше дали да се биде добар министер или подобар родител. Сепак, се одлучив приоритет да му дадам на своето семејство“, рече Милошоски на прес-конференција. Тој рече дека во досегашната политика на Македонија „немало подобар и поквалитетен момент на усогласен и заеднички настап на претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи по сите прашања од национален интерес“.

„Како министер што стекна политичко и дипломатско искуство, свесен сум дека и понатаму треба да бидам на располагање на идниот министер на премиерот и на претседателот на државата“, рече Милошоски, и напомна дека иако имало две-три опции за негов наследник за кои разговарале со премиерот, не сака да открива за кого се работи.

Сепак, во медиумите веќе се вртат имињата на Андреј Лепавцов, советник за надворешни работи на премиерот Груевски и на преговарачот во македонско-грчкиот спор за името, Зоран Јолевски, но и на амбасадорот во Прага Игор Илиевски, на Васко Наумовски, па дури и на досегашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, на дипломатот Срџан Керим како пофлексибилно решение за спорот околу името со Грција или на Мартин Протуѓер, доверлив аличност на премиерот Груевски.

Во дел од медоумите беше објавено дека анонимни извори од врвот на коалицискиот партнер ДУИ обвинувале дека Милошоски по своите убедувања е припадник на националистичко - патриотското крило во ВМРО-ДПМНЕ.

За првпат на пошироката јавност Милошоски и` стана познат во декември 1996 година, кога во рок од неколку месеци со уште петнаесеттина студенти беше дел од организацискиот одбор на масовните студентско-средношколски антиалбански протести против отворање на Педагошката академија на албански наставен јазик и дел од штрајкувачите со глад во шаторот пред Собранието. Важеше за пулен на тогаш неприкосновениот кадровик на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна починатата Доста Димовска, и ги мина хиерархиските скалила во партијата: од потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, преку портпарол на Владата на Љубчо Георгиевски, до член на Извршниот комитет на партијата. Откако со поддршка на германската партија Демохристијанска унија и нејзината фондација „Конрад Аденауер“, која блиско соработува со ВМРО-ДПМНЕ, заврши магистерски студии во Германија, партијата во 2006-тата го постави за шеф на дипломатијата Како министер беше често критикуван од опозицијата дека е претставник на тврдото партиско крило и дека е автор на лошата екипираност во дипломатските претставништва, на Македонија. Но, професорот Стево Пендаровски, по повод заминувањето на Милошоски, во медиумите изјави: „Милошоски не е креаторот на надворешната политика на Македонија, таа се креира во Кабинетот на премиерот и тоа не само за името, туку и за дипломатските кадри, а во Министерството само се спроведува. Милошоски од почетокот знаеше дека е само фигура, а Министерството е сведено на техничко-логистички средби во доменот на надворешната политика. Ние од Милошоски не чувме ниеден збор поразличен и немаше ниедна одлука спротивна на она што мисли Груевски и затоа не гледам дека постојат некакви политички разидувања “.

XS
SM
MD
LG