Линкови за пристапност

Македонија: Победи ВМРО-ДПМНЕ

  • Соња Трајковска

Македонија: Победи ВМРО-ДПМНЕ

Македонија: Победи ВМРО-ДПМНЕ

Најмногу гласови на вчерашните вонредни парламентарни избори во Македонија осови колицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ - 437.665, додека опозицискиот блок предводен од СДСМ - 367.876.

Ова се податоците од Државната изборна комисија откако се преброени сите 2.976 гласачки места.

Во албанскиот политички кампус со најмногу гласови е ДУИ- 114.870, па ДПА со 66.055 гласови.

Забележително е што на овие избори помалку од вообичаеното гласови добија помалите партии, и од левицата и од десницата и најверојатно, освен овие четири поголеми партии, само уште онаа на Руфи Османи Национална демократска преродба ќе добие место во Парламентот.

ВМРО- НП на Љубчо Георгиевки освои 2,51 отсто, Нова демократија на Имер Селмани 1,76, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски 1,52 отсто, Либерално демократската партија, која во досегашниот парламент имаше своја пратеничка група сега со совоени 1,48 отсто веројатно нема да има ниту еден пратеник.

Проценките на Граѓанската аосцијација МОСТ која со најмногу домашни набљудувачи го следеше гласањето се дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе освојат 53 пратенички места, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и Руфи Османи 2 мандати. Но, ВМРО- ДПМНЕ иако неофицијално ги осовила и трите пратенички места од дијаспората со што бројот на пратениците кај нив би се зголемил на 56. Излезноста според ДИК е 63,35 проценти.

XS
SM
MD
LG