Линкови за пристапност

Пентагон: Странски шпиуни украле 24.000 тајни документи


Пентагон: Странски шпиуни украле 24.000 тајни документи

Пентагон: Странски шпиуни украле 24.000 тајни документи

Нападот во март е само еден од бројните нарушувања на безбедноста на комјутерските мрежи на Одделот за одбрана.

Американскиот Оддел за одбрана соопшти дека порано годинава, странска влада успеала да упадне во 24.000 тајни досиеја во сопственост, истакнувајќи ја потребата за новообјавената стратегија за борба против кибернетските напади.

Заменикот-секретар за одбрана Вилијам Лин изјави дека нападот во март е само еден од бројните нарушувања на безбедноста на комјутерските мрежи на Пентагон. Во нападите биле погодени некои од „најчувствителните системи“, вклучувајќи го набљудувањето и сателитската комуникација.

Лин не прецизираше која влада стои зад инцидентот, но во минатото за нападите беше обвинета Кина.

Вториот човек на Пентагон подвлече дека Одделот за одбрана всушност повеќе е загрижен за кибернетските напади од терористички организации отколку од други влади поради поголемата веројатност терористите да извршат упад што би оштетил и прекинал електрични мрежи и финансиски системи.

Новата владина стратегија главно се фокусира на заштитата на компјутерските мрежи од упади со предупредувања до вработените за опасноста од вируси, градењето на поотпорни мрежи и соработката со други владини агенции, приватни компании и странски сојузници.

Но, заменикот-началник на американскиот Здружен генералшаб Џејмс Картврајт изјави дека новата стратегија е неадекватна. Во интервју пред да говори Лин, Картврајт кажа дека дека владата мора да развие поагресивна стратегија за да им покаже на напаѓачите дека им следат остри казни доколку се обидат да ги нападнат комјутерските мрежи на САД.

XS
SM
MD
LG