Линкови за пристапност

Младиќ не поднесува жалба против „гнасните“ обвиненија


Младиќ не поднесува жалба против „гнасните“ обвиненија

Младиќ не поднесува жалба против „гнасните“ обвиненија

Поранешниот генерал во Хаг кажа дека му е потребно повеќе време да го прочита обвинението

Човекот познат како „Касап на Балканот, Ратко Младиќ, за прв пат се појави пред Хашкиот трибунал, но одби да поднесе жалба на, како што ги нарече, „гнасните“ обвиненија за геноцид, воени злосторства и масовно убиство.

Вдовици и мајки на жртви на војната во Босна плачеа и довикуваа преку непробојното стакло, нарекувајќи го Ратко Младиќ „чудовиште“ и „касап“. Не е јасно дали тој можел да ги слушне.

Поранешниот генерал на Босанските Срби пред тројцата судии само кажа дека го бранел „неговиот народ и неговата земја“ за време на војната во 1990-та година.

Тој додаде дека му е потребно повеќе време за да ги прочита „монструозните зборови“ во обвинението.

Тој е обвинет за осмислување на масакрот врз 8.000 мажи и момчиња во Сребреница во 1995-та година, што важи за најголемо масовно убиство во Европа од Втората светска војна, наваму, како и за 44-дневна опсада врз Сараево во која загинаа 10.000 лица.

На моменти повлечен, а на моменти агилен, Младиќ рече дека не сака ниеден збор од обвинението да се прочита во судницата, но тоа негово барање беше игнорирано и беа прочитани сите 11 основи од обвинението.

XS
SM
MD
LG