Линкови за пристапност

За и против Законот за лустрација


Уставниот суд на Македонија одржа подготвителна расправа за уставноста на Законот за лустрација

Уставниот суд денска одржа подготвителна расправа за оценка по иницијативи на граѓани и од Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права кои ја оспоруваат уставноста на актуелиот Закон за лустрација. Иницијативите го оспоруваат законот во целина. Посебно се оспорува временскиот опфат на закнот според кој лустрација се спроведува и за лица кои биле активни од 1991 наваму.
Притоа беа слушнати мислења на експерти.

„Овој период е спорен, бидејќи по 1991 година се изменија многу влади во РМ. Имаше десетина министри за внатрешни работи. Сите партии беа на власт. Во никој случај не можеме да зборуваме дека сите тие години опстанал комунистичкиот режим бидејќи тој е предмет на законот за лустрација“, изјави професорт Љубомир Фрчковски кој го застапуваше Хелсиншкиот комитет.

Поранешната судијка од Стразбур и актуелен врховен судија во судот во БиХ, Маргарита Цаца Николовска се приклучи во одбрана на тезите на иницијативата пред Уставниот суд.

Таа истакна дека тука мора да се земе во предвид мислењето на Венецијанската комисија, според кое спорно е за кои лица се спроведува лустрацијата. Според тоа мислење лустрација не се врши и за лицата кои не претендираат на јавни функции што не е случај со актуелнит закон според кој сите лица подлежат на лустрација.

За експерот Димитар Мирчев законот воопшто не е спорен. Тој истакна дека временската рамка на законот е во ред и периодот кој го опфаќа, од 1944 до 2006 е легитимитен.

„Во 91-ва е донесен новиот устав кој ги гарантира човековите права, но и претходниот устав ги гарантирал, но не значело дека не се кршеле. Но, штом е донесен во таа форма, апсолутно сметам дека треба да важи во таа временска рамка. Добар дел од службите останале, методите останале, мрежите соработници останале“.

Поранешниот вицепремиер за евроинтерграции Ивица Боцевски истакна дека согласно теориите за демократизација периодот на опфат на лустрацијата е добар.

„Теоријата вели дека се зема точката од која почнува демократизациајта. Во овој случај тоа би требало да биде 1998 година бидејќи тогаш вистински демократски се избра влада. Според теориите демократизацијата трае две влади – што значи ако почнала во 1998 би завршила во 2006, ако почнала во 1994 тогаш веројатно би завршила во 2002“, рече Боцевски.

Уставните судии ги сослушаа мислењата на експертите и се очекува да се закаже седница на која судиите ќе донесат одлука.

Инаку, овој закон беше предмет на опсервација и во Извештајот за човекови права на Стејт департментот за 2012, каде беше речено дека лустрацијата во земјата се користи како средство за политичка пресметка со неистомислениците.
XS
SM
MD
LG