Линкови за пристапност

Европратениците бараат старт на преговори за членство

  • Борјан Јовановски

Европратениците бараат старт на преговори за членство

Европратениците бараат старт на преговори за членство

Делагација на Европскиот парлaмент предводена од известувачот за Македонија, претеникот Ричард Ховит, денeска од Скопје ја повикаа ЕУ да не го одлага почетокот на преговри за члeнство со Македонија.

Во време кога Европа е зафатена со други одлуки и проблеми ја потсетуваме дека процесот на проширувањето е подеднакво важен, особено во однос на проширувањето со вашата земја, изјави Ричард Ховит по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Поповски. На средбата на која присуствуваа и претениците Едуард Кукан и Лојзе Петерле станалои збор за нацрт резолуцијата која треба да се гласа во Европскиот парламент наредниот месец.

„Разговаравме за нацрт-резолуцијата што ќе се достави до Европскиот парламент и ќе се гласа во март. Во неа јасно стои дека Македонија треба да почне преговори за членство без натамошно одложување и дека треба да се користи придавката македонски во однос на јазикот, идентитетот и кулутурата. Критиките што се внесени во резолуцијата се пријателски и тие се насочени кон побрзо интегрирање на земјава и подобрување на нејзините перспективи кон ЕУ“, изјави Ховит.

Европратеницте со минстерот Поповски резговарале и за претстојниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската комисија.

Мислам дека дијалогот на високо ниво со Европската унија е добар знак и вие треба тоа целосно да го искористите. Што се однесува до резолуцијата која парламентот ќе ја гласа во март, се` уште има дискусии, но сигурен сум дека таа ќе биде усвоена и истата ќе значи делотворна помош за вашите амбиции, рече претеникот Едуард Кукан.

Министерот Поповски од своја страна рече дека се надева оти препораката за отпочнување преговори ќе биде повторена во рамките на нацрт-резолуцијата. Ме радува тоа што Европскиот парламент го забележува сензибилитетот кој постои околу употребата на придавката македонски и дека во иднина практиката ќе се води од демократските принципи кои се втемелени во Унијата, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Поповски.

Европратениците имаа средба и со премиерот Никола Груевски.

Според соопштението на владата, на средбата се разговарало за евроатланските интеграции на Македонија и аспектите кои имаат улога во нивната реализација.

Груевски ги информирал за спроведување на реформите и се заложил за нивна што побрза реализација. Европратениците ја изразиле поддршката за реализација на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од Владата.

XS
SM
MD
LG