Линкови за пристапност

Изгласан новиот состав на Владата на Македонија


Изгласан новиот состав на Владата на Македонија
Изгласан новиот состав на Владата на Македонија

По два дена жешка дебата во Собранието вчера вечер со 70 гласа за и 47 гласа против беше изгласан новиот состав на владата предложен од мандаторот Никола Груевски.

Избрани се нови минстри на 15 минстерства, од кои шест се нови додека преостанатите девет се од стариот состав.

Нови во третатата по ред влада на Груевски се Никола Поповски како шеф на дипломатијата, Панче Кралев на чело на ресорот образование и Ваљон Сарачини - министер за економија. Спиро Ристовски е нов министер за труд и социјална политика., Блерим Беџети и Невзат Бејта, се нови членови на Владата и ќе ги водат Министерството за правда и Министерството за локална самоуправа.

Новина во овој трет состав на Владата е и Теута Арифи како вицепремиер за евроинтеграции.

Во новата Влада на чело на ресорите за внатрешни работи и траспорт и врски останаа Јанкуловска и Јанакиевки. Нивните имиња беа предмет на најжестоките напади на опозицијата за време на собраниската дебата. Опозицијата ги критикуваше за нивна одговрност во случајот на убиството на Мартин Нешовски и во случајот на Јанакиевски - за трагичната смрт на бугарските туристи во Охридското езеро. Опозцијата го критикуваше Груевски и за законот за автентично толкување на заканот за амнестија. Опозицинерите го критикуваа Груевски и неговата старо-нова министерка за култура Канчевска Милевска за реализацијата на проектот Скопје 2014-та.

Паралементарното мнзинство на овие критики одговори со изјави дека новата влада добила легитимитет на избори. Ако не беа добри овие политики, нашата коалиција немаше да добие повеќе гласови од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ прв пат дојде на власт,вели координаторката на пратеничката група на владеачката ВМРО ДПМНЕ,Силвана Бонева.

Новата влада ја чека голем предизвик во однос на интеграцијата во ЕУ и НАТО условена од решавање на проблемот со името. Новиот минстер за надворешни работи Никола Поповски по изборот изјави дека во неговиот мандат на оваа позиција ке донесе нов импулс во разговорите со Грција.

Новите министри денеска и официјално ги преземаа своите функции. Собранието ги бира и новите заменици министри. Премиерот Груевски пред стартот на третиот манадат во црквата Света Петка во Скопје се помоли за успех на новата влада.

XS
SM
MD
LG