Линкови за пристапност

Потпишан кодекс за однесување на партиите за време на изборите


Потпишан кодекс за однесување на партиите за време на изборите
Потпишан кодекс за однесување на партиите за време на изборите

Сега политичките партии треба таа перцепција дека изборите нема да бидат фер и демократски да ја претворат во позитивна реалност, односно да обезбедат изборите да бидат фер“, рече Хеншоу.

„Ние ќе се залагаме и ќе го дадеме полниот наш придонес, изборите да бидат навистина фер и демократски но, во исто време сакам да кажам дека претставува врв на лицемерие потпишувањето на ваквиот кодекс од страна на господинот Никола Груевски, токму во периодот кога прави се изборите да не бидат ниту фер, ниту демократски“, изјави лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, на кое, на иницијатива на американскиот Национален демократски институт, поддржан од американската Агенција за меѓународен развој, учествуваа 36 македонски политички лидери.

Иако присутните политичари со своите потписи требаше да гарантираат дека тие и нивните партии максимално ќе се трудат претстојните предвремени парламентарни избори на 5 јуни да бидат фер, демократски и регуларни и дека сите ќе ја гарантираат слободата на изборот на граѓаните, и самото потпишување беше во сенка на скандалот што неодамна го обелодени ТВ А1, околу притисоците на власта врз вработените во администрацијата да обезбедуваат по 15 гласачи за владеачката ВМРО-ДПМНЕ, за да си ги сочуваат работните места.

И додека Никола Груевски, Али Ахмети и Мандух Тачи не дадоа изјави за медиумите, лидерот на опозицијата Црвенковски настапи си обвинувања: „Сведоци бевме на еден скандал кој што беше поткрепен со аргументи за груба злоупотреба на вработените во државната администрација кои се користат со закани, заплашувања, притисоци се со цел да се натераат луѓето да гласаат за владејачката партија. Тоа го нема никаде, не само во историјата на Македонија, туку никаде во Европа, можеби во Белорусија, но за такво нешто не сме слушнале. Се` додека не се разоткријат виновниците, се додека не ја понесат одговорноста, ќе стои една голема дамка на претстојните парламентарни избори“, изјави по потпишувањето лидерот на опозициониот СДСМ, Бранко Црвенковски.

Челникот на НДИ за Македонија, Крис Хеншоу, изјави дека организацијата и спороведувањето на фер и демократски избори се тешка одговорност за секој потписник.

„Има одредени перцепции дека овие избори нема да бидат фер и слободни. Но, утринава се случи една реалност. Сите поканети политички лидери дојдоа и го дадоа својот потпис. Реалноста е позитивна. Сега политичките партии треба таа перцепција дека изборите нема да бидат фер и демократски да ја претворат во позитивна реалност, односно да обезбедат изборите да бидат фер“, рече Хеншоу.

Мото на потпишувањето на кодексот, чии основи се владеење на правото, едукација на гласачите, осуда на јавно насилство и заплашувањето, тајност на гласање, елиминирање на изборен фалсификат и на присилување на граѓаните да поддржат некоја партија во замена за награди или услуги, е „Каков белег ќе оставиме“. Според претставниците на меѓународната заедница, под чиј патронат и беа собрани лидерите, токму фер избори ќе бидат јасно обележје за иднината на Македонија.

Присуството на странските дипломати ја илустрираше заинтересираноста на меѓународната заедница -Македонија овој пат да има европски избори, но за Јован Манасиевски од Либерално-демократската партија, и ваквото потпишувањето на Кодексот е тажен факт за Македонија: „Во Македонија и по 20 години независност ни се потребни странци за да ги седнат политичките лидери и да потпишат кодекс. Овој тажен факт е непогрешлив индикатор дека за жал, нашето општество стои во место, нивото на политичка култура и демократска зрелост е се` уште ниско и, за жал, се’ уште ни се потребни тутори. Токму овој тажен факт треба да ги мотивира граѓаните и ова дваесетгодишно стоење во место, на 5 јуни да ги казнат и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои се најодговорни за ова стоење во место - да бидат казнети на изборите“.

XS
SM
MD
LG