Линкови за пристапност

Конференција за новинарството во Македонија


Конференција за новинарството во Македонија
Конференција за новинарството во Македонија

„Современото новинарство во дигиталното време“, е предизвикот со кој новинари и медиумски експерти од регионот се соочуваат во Скопје, на конференција што ја организира Амбасадата на САД. Два дена ќе разменуваат искуства за влијанието на новата технологија во медиумската сфера и како дигиталните ресурси најдобро да се искористат.

Американскиот амбасадор Филип Рикер на отворањето на конференцијата истакна дека иако условите во кои се работи се менуваат, улогата на новинарите не смее:

„Како тогаш да се најде баланс меѓу независноста, интегритетот и непристрасните критички анализи со потребата да се инволвира јавноста во овој многу брз пренос на информации во општеството. Факт е дека припадниците на медиумите не се заедница сама за себе туку претставуваат важен мост меѓу лидерите во општеството на кои тие и служат и јавноста, рече амбасадорот Рикер.

Новинарите и експерти за медиуми од САД, Бугарија, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора дебатираат за се` поголемото користење на интернетот, етиката, блогот, маркетингот, социјалните медиуми во улога на медиуми.

„Две милијарди луѓе во светот имаат пристап до Интернет. Македонија, земја со два милиона жители, има 800.000 граѓани со Фејсбук профили, а Твитер зема се поголем замав. Петте американски катчиња во земјава имаат најголем број пријатели на Фејсбук во споредба со останатите во Европа. Тоа е доказ колку овие медиуми можат да бидат моќни“, беше речено на првиот ден.

Конференцијата завршува утре, а ќе ја затвори заменикот помошник државен секретар за јавна дипломатија Спенсер Бојер. Целокупниот настан ќе заврши со концерт на музичкиот бенд Репортери составен од петмина македонски новинари.

XS
SM
MD
LG