Линкови за пристапност

Започна годината на Змејот


Започна годината на Змејот
Започна годината на Змејот

Со огномет и прослави во Азија и во светот дочекана е Кинеската нова година.

Понеделник е почетокот на Годината на Змејот во 12-годишната ротација на кинескиот зодијачки календар. Митскиот и моќен змеј симболизира кралство и среќа, и за верниците годината и оние родени во неа ги имаат тие квалитети.

Во новогодишната порака, сингапурскиот премиер Ксиен Лонг кажа дека „страсно“ се надева оти ветувачкиот симбол ќе ги антера неговите сонародници да имаат повеќе бебиња. Сингапур има проблем со слабиот наталитет и популација што се намалува. Но нацијата има историја на беби-бум во последните години на змејот.

Други азиски држави исто така очекуваат зголемување на раѓањата од родители кои сакаат да капитализираат на среќа, богатство и храброст, што се смета дека доаѓаат кај бебињата во годината на змејот.

XS
SM
MD
LG