Линкови за пристапност

Армијата разви пица што трае три години


На американските војници им се оствари желбата - пица на менито.

Долгогодишната желба на американските војници конечно ќе стане реалност. Научници од армиски центар од Натик, Масачусетс, велат дека наскоро ќе бидат подготвени на нивното мени да додадат пица – но во категоријата позната како „оброци готови за конзумирање“.

Едно од најпопуларните јадења во САД е пицата и долги години војниците распоредени далеку од главните војнички кујни ја бараат како опција во исхраната.

Научниците велат дека се близу до совршен рецепт за „пица-пеперони“ со свинско месо и мисирка, што нема да има потреба да се чува во фрижидер до три години, и сепак да може да се јаде.

Научниците велат дека пронашле начин да ја елиминираат влагата од сосот од домати, кашкавалот и другите состојки што придонесуваат тестото да стане влажно и подложно на мувла и бактерии.

Оние кои ја пробале оваа невообичаена пица, велат дека е мошне вкусна и дека единствено што недостасува е што не била топла.
XS
SM
MD
LG