Линкови за пристапност

Либиските бунтовници нема да го екстрадираат бомбашот од Локерби


Либиските бунтовници нема да го екстрадираат бомбашот од Локерби

Либиските бунтовници нема да го екстрадираат бомбашот од Локерби

Бунтовничката влада на Либија вели дека нема да го испорача Либиецот осуден за бомбашки напад во 1988 на авион упатен кон САД, при што беа убиени 270 лица кога експлодира над Локерби, Шкотска.

Министерот за правда на Транзициониот национален совет (Мохамед ал-Алаги) на новинарите во Триполи им кажа дека Абдел Басет ал-Меграхи веќе бил суден и осуден во Шкотска за бомбашки напад на летот 103 на Пан Ам. Тој кажа дека бунтовниците нема да испорачуваат либиски државјани како што правел поранешниот лидер Моамар Гадхафи.

Шкотската влада во соопштение од понеделник кажа дека по контактот со семејството на Меграхи, нема докази дека тој ги прекршил условите за ослободување и дека неговата здравствена состојба е конзистентна со страдањата на болен од неизлечив рак.

СиЕнЕн телевизијата извести дека во неделата Меграхи бил виден во Триполи и дека изгледал како да е „близу до умирање“.

Шкотските власти го ослободиле Меграхи во 2009-та заради здравствената состојба, по отслужени осум годни од изречените 27-години затвор.

Одлуката за ослободување на Меграхи налути многумина од семејствата на жртвите од бомбашкиот напад над Локерби, и падот на владата на Гадафи кај некои создаде надеж дека новите либиски лидери ќе го екстрадираат осудениот бомбаш.

XS
SM
MD
LG