Линкови за пристапност

Обама предлага помош во отплаќање на домовите


Обама предлага помош во отплаќање на домовите
Обама предлага помош во отплаќање на домовите

Американскиот претседател Барак Обама им нуди на американските сопственици на домови шанса да ги рефинансираат нивните станбени кредити за да ги искористат речиси рекордно ниските каматни стапки.

Обама во среда кажа дека вредноста на милиони домови нагло опаднала за време на економскиот пад на државата, оставајќи многу сопственици на домови со кредити повисоки од вредноста на нивната куќа и без можност да направат нешто за промена на состојбата со нивниот кредит.

Тој кажа дека кризата ја погодина „право в срце средната класа“ во Америка со имањето куќа во сопственост, што станало најголемиот проблем за опоравувањето на државата.

Претседателот кажа дека неговиот план ќе им даде на одговорните сопственици на домови можеби 3,5 милиони долари според проценките на Белата куќа, преку шансата да ги ревидираат нивните заеми и можност да заштедат околу 3.000 долари годишно.

Планот на Обама би чинел меѓу пет милијарди и десет милијарди долари и би бил финансиран од даноците на големите банки и ќе треба да биде одобрен од Конгресот. Но Конгресот веќе два пати до сега отфрли слични предлози во време кога државата се соочува со зголемени дефицитни трошоци.

XS
SM
MD
LG