Линкови за пристапност

Нова затворска казна за Љубе Бошкоски


Foto udara jalan desa L401 yang berkelok-kelok melalui ladang bunga kubis-kubisan (rapeseed) di sekitar Nienstedt dekat Bad Muender am Deister, Jerman bagian tengah.
Foto udara jalan desa L401 yang berkelok-kelok melalui ladang bunga kubis-kubisan (rapeseed) di sekitar Nienstedt dekat Bad Muender am Deister, Jerman bagian tengah.

Бившиот министер осуден на 10,5 години за случајот „Ровер“

Основниот суд Скопје 1 денес ги изрече пресудите на повтореното судење за случајот „Ровер“ на кое бившиот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и уште девет лица одговараа за убиството на Маријан Тушевски и неговиот возач Кире Јанев, пред 13 години.

Иако највисоки казни - доживотен затвор - добија српските државјани на кои им се судеше во отсуство, обвинети како извршители на нарачано убиство, првообвинетите Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, а на српскиот државјанин Вук Вукичевиќ првата казна доживотен затвор му беше намалена на 15 години, најголемо внимание во македонската јавност предизвика казната од десет и пол години затвор за помагање во нарачано убиство што ја доби поранешниот министер и водач на партијата Обединети за Македонија, Бошкоски. Тој во затворот Идризово веќе отслужува петгодишна казна затвор за наводно незаконско финансирање на партијата, во случајот „Кампања“.

Неговиот шеф на обезбедувањето во времето додека беше министер, Зоран Трајковски, е осуден на 8 и пол години, Сашко Јавановски и Ивица Ристиќ на по седум години, а Никола Нигриевски и Гоце Митровски на по пет и пол години затвор.

Според судијата Илија Трпков, јавноста била сведок за коректноста на водењето на судскиот процес за едно вакво сериозно дело. Бошкоски, којшто повеќе пати за време на судењето потенцираше дека е жртва на политички монтиран процес и беше отстрануван од судницата, денес за време на соопштувањето на пресудата го свртел грбот затоа што „не го признавал судот“, а судијата рекол дека и тоа говорело за личноста на обвинетиот.

Ова е втора пресуда за случајот „Ровер“, откако Апелацискиот суд ја укина првата пресуда со којашто Бошкоски беше осуден на 12 години затвор, и нареди повторно судење. Иако Апелацискиот суд утврди дека првостепениот суд не докажал умисла и немало доволно докази, и сега, како и во првото судење, судот го прифати ставот на Обвинителството дека Бошкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, наводно му дозволил на Орце Коруновски да го организира убиството на Тушевски, ветувајќи му дека нема да има истрага и дека на странските извршители ќе им биде овозможено да избегаат.

Опозицискиот СДСМ реагираше дека денешната пресуда е „нов доказ за целосно нарушениот кредибилитет на судството во Република Македонија и остава простор за сериозен сомнеж дека драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција... Контролата на власта врз судството, констатирана во Извештајот на американскиот Стејт департмент, како и од други меѓународни институции, ја прави Македонија единствена држава во Европа во која има политички затвореници“, смета СДСМ.

XS
SM
MD
LG