Линкови за пристапност

Дали руската мечка се буди од зимски сон?!


Соседите на Русија вознемирени со постапките на Русија, вели литванската претседателка за Гласот на Америка.

Во Литванија, јули е време на музички фестивали, како оној што се одржува во црквата Св. Јохан од 15-ти век. Спроти црквата, во белата претседателска палата во неокласичен стил, литванската претсеадателка Далиа Грибаускаите не гледа ништо хармонично со нејзиниот голем источен сосед, Русија.

„Сега гледаме агресивна реторика, агресивно однесување, агресивна пропаганда и информативни војни“, вели таа.

Во интервју за Гласот на Америка претседателката Грибаускаите предупредува дека зад Кремљ, подгревањето на проруски сепаратистички бунт во Украина е зачеток на голем руски шовинизам.

„Рускиот шовинизам, кој сега се зголемува во Русија, главно зависи од елитата, која се обидува да го оживее. Ова е многу опасно, и не сум сигурна дека ќе заврши за пет години“, кажа таа.

И литванската претседателка и Путин имаат црни појаси во карате. Некои сметаат дека рускиот претседател го препознал својот балтички рамноправник, барем на вербално ниво.

Во сабота, Грибаускаите ќе биде инаугурирана за втор петгодишен претседателски мандат. Како претседател на Литванија, најголема од трите балтички држави, се очекува да се справи со руските регионални амбиции. Сите три балтички држави се членки на Европската Унија и на НАТО.

Гледаме методи кои биле користени во 30-те години на минатиот век. Истите сега сега се користат и во 21 век“.
Далиа Грибаускаите, претседателка на Литванија

Литванската претседателка предупредува дека руското мешање во Украина годинава значи пресврт на современите руски релации со соседите.

“Многу е загрижувачко. И изгледа дека не е готово. Истите методи кои сега се користат во источна Украина ... се чувствуваат и во балтичките држави, како на пример во Полска. Тука се и воените вежби покрај границите, во Калининградскиот регион“.

Претседателката вели не се сомнева оти Русија обезбедила оружје за проруските бунтовници во источниот дел на Украина.

„Некои од терористички групи се снабдени со воена опрема, сигурно од руско потекло, и не легално купени на пазар. Тие се специјално обезбедени, и многу скапи“.

Како во Источна Украина, мнозинството население во балтичките држави зборува руски. Еден милиони луѓе овде зборуваат руски, или 15 проценти од вкупното население во балтичките држави.

Претседателката Грибаускаите жестоко ги критикува постапките на Кремљ, да дејствува против соседните држави во одбрана на руското население надвор од руските граници. Оваа политика таа ја спредува со воената логика на Германија пред Втората светска војна.

„Гледаме методи кои биле користени во 30-те години на минатиот век. Истите сега сега се користат и во 21 век“.

Таа вели дека соединувањето на Крим кон Русија го разбуди НАТО. Оттогаш, НАТО трупи постојано се испраќаат на Балтикот да вежбаат со локалната војска.

Лидерката на Литванија вели дека нејзината држава ги зголемува трошоците за безбедност, со цел да ги исполни НАТО станадардите кои се два проценти од бруто домашниот производ.

Литванија работи да ја намали зависноста од Русија во снабдувањето со гас.

Ваквата зависност ќе заврши во декември, кога брод со природен гас ќе се закотви на најголемото литванско пристаниште во приморскиот град Клаипеда. Бродот има капацитет повеќе од потребното да ги задоволи потребите на Литавнија од увоз на природен гас.

За да го забрза отцепувањето од рускиот гасовод, литванската претседателка побара од Вашингтон да одобри извоз од САД. Вели дека таков потег ќе донесе политичка корист.

„Денес, гледаме дека Америка има одговорност, на глобално ниво, за безбедноста, за демократијата и за мирот. Енергијата е една од алатките да се осигура мирот, без воени интервенции. Наместо да се испраќаат војници, нека се испраќа гас и мирот ќе биде зачуван.“

Со намалување на зависноста од Русија за гас и со зајакнување на одбранбеното сојузништво со Запад, литванската претседателка сака да ја сочува националната независнот среде новото руско покажување на сила.

XS
SM
MD
LG