Линкови за пристапност

Липитор може да се копира


Липитор може да се копира
Липитор може да се копира

Патентните права на најдобро продаваниот лек во светот за намалување на холестеролот на сите времиња, Липитор, истекоа, отварајќи го патот за продажба на поевтини копии на лекарството.

Фармацевтската компанија со седиште во САД, Фајзер, имаше ексклузивно право да продава Липитор од 1997, и од тогаш продала околу 100 милијарди долари вредни рецепти за белата, овална пилула. Но во среда патентот на Фајзер истече, давајќи им на други фармацевтски компании шанса да произведат идентични верзии на лекот и да се обидат да го продадат по пониска цена отколку онаа на Фајзер.

Една компанија, со американско седиште, Ватсон Фармацеутикалс, веднаш ја лансираше својата генеричка верзија на лекот под аранжман во кој Фајзер и натаму ќе го произведува лекот, но Ватсон ќе го продава и две други компании ќе го делат профитот следните пет години. Индиска фармацевтска компанија, Ранбакси, исто така планира да произведе копија на Липитор следните шест месеци.

Фајзер, во меѓувреме вели дека има намера да продолжи да го продава лекот. На сегашните муштерии им понуди големо намаление на цената, наместо да се преориентираат на на копиите, со цел да задржат дел од годишниот профит од продажба од 10 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG