Линкови за пристапност

Вашингтон со најголема ЛГБТ популација во САД


Вашингтон ДЦ има најголем процент на луѓе во САД кои себе си се идентификуваат како припадници на ЛГБТ популацијата.

Во истражување на Галуп направено во 50 американски држави и Вашингтон ДЦ, индицирано е дека 10 проценти од жителите од главниот град на државата велат дека се хомосексуалци, бисексуалци или трансполови.

Хаваи е втор на листата со 5,1 процент, додека Северна Дакота е на дното со 1,7 проценти.

Од другите држави, во Калифорнија ЛГБТ популацијата е 4 проценти, Њујорк 3,8 и Мисисипи и Монтана заедно – 2,6 проценти.

Галуп вели дека ова е најголема студија за дистрибуцијата на оваа популација во САД до сега направена.
XS
SM
MD
LG