Линкови за пристапност

Леонардо ДиКаприо – повеќе од познат актер


Леонардо ДиКаприо – повеќе од познат актер

Леонардо ДиКаприо – повеќе од познат актер

Надвор од екранот се бори за животната средина – од елиминирање на пластичната амбалажа до заштита на ајкулите.

Во најновото филмско остварување, Леонардо ДиКаприо е Џеј Едгар Хувер – човекот што од една страна го преобрази Федералното истражно биро во реномирана агенција за спроведување на законот, но од друга страна озлогласен затоа што чувал досиеја за обични Американци и оние на функција.

„Интересно е во денешно време да се прави филм за политичка шпионажа и прислушување“, вели ДиКаприо. „Тајните што Едгар Хувер успеал да ги дознае и да ги сочува – такво нешто би било неостварливо денес, во време на Интернет, или Викиликс.“

Затоа, не е тајна дека ДиКаприо е гласен активист за заштита на животната средина. Пред повеќе од една деценија, тој беше меѓу првите холивудски ѕвезди кои го наметнаа трендот да се поседува хибридно возило.

„Мислам дека секој автомобил треба да има таква технологија - драстично помало загадување на воздухот, а и потрошувачката на гориво е неверојатна. Доколку имаме технологија со која секој автомобил би станал хибриден, би ја намалиле зависноста од странска и домашна нафта“, коментора ДиКаприо.

Актерот бил фасциниран од природата уште како дете, додека растел во загадениот Лос Анџелес.

Фондацијата Леонардо ДиКаприо, основана во 1998-ма, промовира одржлива иднина. Застапува редица каузи, од елиминирање на пластичната амбалажа до заштита на ајкулите од истребување.

Во моментов ДиКаприо работи на кампања за спас на тигрите низ Азија. Признава дека го користи својот статус на славен актер за да привлече внимание на еколошките проблеми. Вели, движењето за здрава животна средина е најголемото и најбитно човечко движење воопшто.

XS
SM
MD
LG