Линкови за пристапност

Најмалку 23 мртви во напади близу иранската амбасада во Либан


레바논 주재 이란 대사관 근처 폭발현장의 모습.(자료사진)

레바논 주재 이란 대사관 근처 폭발현장의 모습.(자료사진)

Меѓу нив и иранското аташе за култура; одговорност презеде организацијата Бригади Абдула Азам, поврзана со Ал-Каида.

Најмалку 23 лица загинаа, од кои еден ирански дипломат, а 146 се повредени во две експлозии на бомби близу иранската амбасада во Либан.

Според властите, едната експлозија во Бејрут се должи на напаѓач-самоубиец, додека другата е резултат на автомобил-бомба.

Иранската амбасада соопшти дека убиениот дипломат е аташето за култура Шеик Ибрахим Ансари.

Организацијата Бригади Абдула Азам, поврзана со Ал-Каида презеде одговорност за нападите.

Експлозиите ја потресоа областа на Бејрут што е упориште на шиитската милитантна организација Хезболах, која има поддршка од Иран. Таму годинава веќе се случија најмалку два други бомбашки напада. Хезболах помага во борбата против бунтовниците во соседна Сирија. Оваа земја, покрај Иран, е еден од главните поддржувачи на Хезболах.
XS
SM
MD
LG