Линкови за пристапност

Се проценува штетата од актот на Сноуден


Американската влада истражува дали откривањето на високо класифицирана американска програма за набљудување било криминал.

Едвард Сноуден во неделата кажа дека тој е изворот за новинските извештаи за мониторингот на Националната агенција за безбедност на телефонски разговори и дата на Интернет за закани од тероризам, програма за која администрацијата на Обама вели дека ја чува Америка безбедна од терористи.

Во меѓувреме, европски претставници ги испитуваат шпионските програми и дали тие ги прекршиле заштитите на локалната приватност. Европските влади се обидуваат да објаснат дали му дозволиле на Вашингтон да ги шпионира нивните граѓани или имале корист од тоа што би било илегално дома.

Претставници на ЕУ во Брисел ветија дека ќе бараат одговори од американските дипломати на министерскиот состанок подоцна неделава во Даблин.

Во Вашингтон, законодавците велат дека разгледуваат потенцијални начини за чување на САД безбедни од терористички напади без нарушување на приватноста.

Не се знае каде е Сноуден откако заминал од хотел во Хонг Конг во понеделникот. Тој кажа дека ќе бара азил во секоја земја што верува во слобода на говорот и глобална приватност.
XS
SM
MD
LG