Линкови за пристапност

Среќна Нова Година - со нови закони


На првиот ден од 2014-та многу закони во светот влегуваат во сила, од кои некои се однесуваат на цели држави, а некои на локални заедници.

Латвија во среда станува 18-та држава во еврозоната на Европа, додека Рига продолжува да се дистанцира од своето минато како сателит на Советскиот сојуз од времето на Студената војна. Латвијците ќе бидат во можност веднаш да го употребуваат еврото, како и валутата на државата, лат, до средината на јануари.

Други држави исто така прифаќаат промени на национално ниво. Во Швајцарија, возачите ќе мора да имаат запалени светла дури и дење. Канада ги забрани сијалиците со вжарено влакно, додека Боцвана забранува лов на слонови.

Кина прави полесно туристи да го посетат Тајван. Британија вели дека сега ќе биде легално да се биде атеист. Француската полиција има нов кодекс на однесување што бара да покажуваат поголема почит. Унгарија вели дека ќе обезбеди бесплатен гроб, и сандак или урна, за најсиромашните кои ќе починат.

Во САД, Колорадо ќе стане првата држава што ќе дозволи продажба на марихуана за рекреативна употреба, додека друга западна сојузна држава, Орегон, забрани пушење во автомобил со деца. Машката извидничка организација, вели дека ќе почне да прима членови-хомосексуалци наместо да ги брка, како што беше порано.

Милиони Американци ќе имаат ново здравствено осигурување со влегувањето во сила на реформскиот закон за здравствена заштита на претседателот Барак Обама, по месеци на почетни тешкотии кои не се сосема надминати.
XS
SM
MD
LG