Линкови за пристапност

Далај Лама на спиритуална посета во Вашингтон


Далај Лама на спиритуална посета во Вашингтон
Далај Лама на спиритуална посета во Вашингтон

Спиритуалниот лидер на Тибет во егзил, Далај Лама, ја започнува посетата на Вашингтон, да го прослави роденденот и да ги поведе следбениците на десетдневни молитви и ритуал на медитација.

Каде и да оди, Далај Лама е поздравен со песна и насмеани лица, но и критикуван од Пекинг, кој го обвинува дека се обидува да го одвои Тибет од Кина.

Откако кинеските сили влегоа во Тибет пред повеќе од половина век и подоцна Далај Лама беше принуден на егзил, тоа е борба што трае до денес.

Додека Далај Лама се фокусира главно на неговото спиритуално учење, аналитичарите велат дека е премногу рано да се предвиди како може Кина да одговори на неговата нова улога, но дека секако е можност за тоа.

Роби Барнет е експерт за Тибет на Универзитетот Колумбија. Тој вели дека ова е нешто што може да биде многу важно за Американците и другите западни лидери, да побараат од Кина да истапи со попозитивен став во однос на тибетското прашање.

Аналитичарите велат дека посетата на Далај Лама на САД е важна зашто е прва откако е официјално пензиониран.

За време на престојот во Вашингтон, Далај Лама се очекува да има средби со политичари на високо ниво, но не е јасно дали Барак Обама ќе се сретне со него.

XS
SM
MD
LG