Линкови за пристапност

Отворено писмо на претседателот Обама по повод Денот на трудот


Тој истакна дека ако во момнетов требало да најде работа, би се приклучел на синдикат.

„Кога работниците го креваат гласот за соодветни примања и достоинство на работното место, тие ја одржуваат приказната за Америка“, се вели во отвореното писмо на претседателот Обама до работниците во САД, додека во земјата се одбележува Денот на трудот.

Тој додаде дека историјата покажува оти работничките семејства може да добијат фер шанса во ова општество, но само доколку, „граѓаните се согласни да се организираат и да се борат за нивните права“. Обама кажа дека доколку треба да бара работа што би му овозможила безбедност за семејството, би му се приклучил на синдикатот.

Денот на трудот стана официјален празник во САД во 1894-та, а се слави секој прв понеделник во септември.

XS
SM
MD
LG