Линкови за пристапност

Во САД е федерален празник, кога Американците го слават Денот на трудот, што денес е и неофицијален крај на летото.

Американците го слават Денот на трудот, момент роден како почест за работниците организирани во синдикати, што во денешно враме често значи прилика за семејно собирање по повод неофицијалниот крај на летото.

Првиот понеделник во септември стана официјален американски празник во 1894 со цел да се слави „работничкиот празник“ и во текот на децениите индустриските центри во државата организараа големи паради во чест на синдикалните работници во фабриките.

Но, со растежот на технилогијата и глобализацијата на светската економија, американското трудово движење нагло опадна. Голем дел од придобивките благодарение на борбата на синдикатите во текот на годините, како петдневна работна недела, здравствена заштита платена од работодавецот и одмор, се цврсто вградени на работните места во САД.

Многу американски корпорации се` уште активно се спротивставуваат на синдикатите на работниците. Само околу еден на осум работници припаѓа на синдикат, што е околу половина од бројот пред 30 години. Многу од членовите на синдикатите работат за локална, државна или федерална влада на административни работни места, а не во нечисти фабрики каде започна трудовото движење.
XS
SM
MD
LG