Линкови за пристапност

Тој ќе биде најблизок соработник на Трамп кој бил испрашуван пред Комисијата за разузнавање во Сенатот

Според Белата куќа, зетот и клучен советник на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се согласил да биде испрашуван, како дел од сенатската истрага за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година.

Кушнер ќе биде најблизок сојузник на Трамп кој досега бил сослушан од страна на Комисијата за разузнавање на Сенатот која ги истражува врските меѓу соработници на Трамп и претставници на Русија.

Според весникот „Њујорк тајмс“ кој прв пат извести за двете средби во декември минатата година, Комисијата сака да дознае повеќе за средбите на Кушнер и амбасадорот на Русија во САД, Сергеј Кислјак.

Весникот наведува дека сенаторите се заинтересирани и за претходно непријавената средба на Кушнер со директорот на руската државна банка за развој, „Внешекономбанк“, којашто САД ја ставија под санкции по анексијата на Крим од страна на Русија во 2014-та година.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер за „Њујорк тајмс“ изјави дека средбите на Кушнер не биле нешто невообичаено, потенцирајќи дека неговата улога за време на кампањата и владината транзиција, му дозволувала да се среќава со странски претставници, вклучувајќи ги и оние од Русија, на редовна основа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG