Линкови за пристапност

Предвремени избори во Косово


Според законот, новите избори треба да се одржат во рок од 45 дена

Пратениците во Косово во средата гласаа за недоверба и разрешување на владата на премиерот Иса Мустафа, што доведе до предвремени избори што се очекува да се одржат следниот месец.

Седумдесет и осум, од вкупно 120 членови во парламентот, гласаа за разрешување на владата по неколкумесечниот политички ќор-сокак околу договорот за границата, за кој критичарите тврдат дека би значел помалку земјиште за Косово.

Опозицијата продолжи да ја обвинува владата дека не ги исполнила предизборните ветувања, тврдејќи дека постои намалување на довербата во владиното работење.

„Државата е лошо управувана. Потребна и’ е нова влада“, рече Валдете Бајрами од опозициската партија Иницијатива за Косово.

Премиерот Мустафа, сепак тврди дека неговата влада ја намалила невработеноста и долгот, и предупреди дека последица на гласањето ќе биде „дестабилизација на земјата преку создавање на недостаток на доверба во институциите и институционален вакуум“.

Според законот во Косово, изборите треба да се одржат во рок од 45 дена. Мустафа, се очекува новите избори да ги распише до крајот на неделава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG