Линкови за пристапност

Разговори САД – Јужна Кореја


Еден ден откако САД над Јужна Кореја прелетаа бомбардер со можност исфрлање проектили со долг домет, во очигледен одговор на најновиот тест на нуклеарно оружје од страна на Северна Кореја.

Јужна Кореја вели дека Сеул и Вашингтон разговараат за другите американски „стратешки добра“ коишто можат да бидат распоредени на Корејскиот Полуостров, еден ден откако САД над Јужна Кореја прелетаа бомбардер со можност исфрлање проектили со долг домет, во очигледен одговор на најновиот тест на нуклеарно оружје од страна на Северна Кореја.

Прелетувањето на авионот уследи неколку часа откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за време на говорот во Министерството за народни вооружени сили, застана во одбрана на тестирањето на наводната хидрогенска бомба, опишувајќи го како „легитимно право на една суверена држава“. Севернокорејската Централна новинска агенција денеска објави фотографии на кои лидерот на Северна Кореја позира со стотици научници, работници и други официјални лица коишто учествувале во минатонеделното тестирање на бомбата.

Француската и јужнокорејската новинска агенција Јонхап известија дека споменатите стратешки американски добра може да значат, носач на авиони Ју Ес Ес Роналд Реган опремен со нуклеарно оружје, којшто во моментов е стациониран во Јапонија, бомбардери Бе-2 и Еф-22, како и подморници, исто така опремени со нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG