Линкови за пристапност

Кери разговараше за Северна Кореја со јапонскиот премиер


Американскиот државен секретар вели дека е постигнат напредок во многу области вклучително и по заканата од Северна Кореја.

Американскиот државен секретар Џон Кери, во Токио се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе на последниот ден на турнејата по три азиски држави со фокус на Северна Кореја.

Кери во понеделник кажа дека двајцата направиле важен напредок во областа на кибернетската безбедност, климатските промени и солидарноста во однос на заканата од Северна Кореја на Корјскиот полуостров.

Првиот дипломат на САД се сретнал со јапонскиот лидер откако на студентите на токискиот Институт за технологија им кажал дека товарот е врз Пјонгјанг да преземе суштински чекори за испочитување на ветувањата што претходно ги има дадено. Тој додаде дека Северот мора да постапува во согласност со законите и нормите на меѓународно однесување.

По средбата во неделата со јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида на прес конференција кажа дека Вашингтон сака да преговара со Северна Кореја за мирољубиво решение на тензиите на Корејскиот полуостров доколку Пјонгјанг преземе чекори за напуштање на нуклеарното оружје.

Кери кажа дека Пјонгјанг има „јасен курс на акција што му е на располагање“ и дека ќе најде „подготвен партнер“ за преговори во САД. Но, во одвоени забелешки, Кери кажа дека ќе треба да се консултира со колеги во Вашингтон за специфични акции за кои се верува дека Пјонгјанг треба да ги преземе.

Кери исто така ја повтори определбата на Вашингтон за одбрана на Јапонија, клучен американски сојузник. Северна Кореја повеќе пати ја повтори заканата дека ќе ги нападне САД и нивните регионални сојузници, вклучувајќи ги Јапонија и Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG