Линкови за пристапност

Северна Кореја активира нуклеарен реактор


Нуклеарниот комплекс во Јонгбјон, на фотографија од 2008-ма.
Нуклеарниот комплекс во Јонгбјон, на фотографија од 2008-ма.

Комплексот во Јонгбјон наводно ќе биде прилагоден за производство на дополнително оружје и електрична енергија.

Северна Кореја најави дека ќе активира нуклеарен реактор. Веста само надодаде на и онака зголемената напнатост на Корејскиот Полуостров.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА цитираше владини претставници дека комплексот Јонгбјон ќе биде „прилагоден и активиран“ за да произведе дополнително оружје и да одговори на недостатокот на електрична енергија во земјата. Агенцијата наведува дека комплексот ќе вклучи постројка за збогатување на ураниум и реактор од пет мегавати што може да генерира потрошени прачки на гориво, проткаени со плутониум со капацитет за производство на оружје. Реакторот запре со работа во 2007-ма, во размена за економска помош.

Северна Кореја со недели упатува закани, гневна на построгите санкции што ОН ги усвоија откако властите во Пјонгјанг извршија трето по ред нуклеарно тестирање и лансираа сателит. Најновиот потег доаѓа само неколку дена откако севернокорејскиот водач Ким Џонг-ан најави дека развивањето на нуклеарното оружје е еден од приоритетите на земјата.
XS
SM
MD
LG