Линкови за пристапност

Вонредна седница на ОН за Северна Кореја


САД, Јапонија и Јужна Кореја бараат Советот за безбедност да расправа по повод лансирањето на балистичкиот проектил викендов.

Северно-корејската новинска агенција „КЦНА“ извести дека лансирањето се случило рано во неделата. Јужно-корејски воени претставници потврдија дека проектилот летал околу 500 километри пред да падне во Јапонското море.

Новинската агенција го прослави тестирањето на тоа што го нарече „нов тип на стратешки вооружен систем во корејски стил“ потенцирајќи дека бил под надзор на лидерот Ким Јонг Ун.

Руското министерство за надворешни работи изрази загриженост за лансирањето на ракетата, а јапонскиот премиер Шинзо Абе кажа дека акциите на Северна Кореја се „апсолутно неприфатливи.“

XS
SM
MD
LG