Линкови за пристапност

Кина е подготвена да соработува со САД, вели Шји


Дали САД и Кина би можеле или не да го воспостават „вистинскиот“ начин на разбирање ќе биде од клучно значење за светот, рече Шји во писмото доставено на годишната вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, со седиште во Њујорк
Дали САД и Кина би можеле или не да го воспостават „вистинскиот“ начин на разбирање ќе биде од клучно значење за светот, рече Шји во писмото доставено на годишната вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, со седиште во Њујорк

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави денес дека Кина е подготвена да соработува со САД додека двете страни работат на нивните разлики за заедно да одговорат на глобалните предизвици, јавуваат кинеските државни медиуми.

Дали САД и Кина би можеле или не да го воспостават „вистинскиот“ начин на разбирање ќе биде од клучно значење за светот, рече Шји во писмото доставено на годишната вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, со седиште во Њујорк.

Повикот на Шји за постабилни билатерални врски, за кои тој вели дека треба да се градат врз принципите на „взаемно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“, доаѓа пред клучната посета на министерот за надворешни работи Ванг Ји на Вашингтон подоцна оваа недела.

Патувањето од четврток до сабота на највисокиот кинески дипломат ќе биде ангажман на највисоко ниво в лице пред очекуваниот состанок меѓу американскиот претседател Џо Бајден и Шји во Сан Франциско на ноемврискиот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Неколку високи американски функционери, вклучително и државниот секретар на САД Ентони Блинкен, се сретнаа со своите кинески колеги во Пекинг ова лето.

Главниот приоритет на Вашингтон беше да обезбеди интензивната конкуренција меѓу двете најголеми светски економии и нивните несогласувања за повеќето прашања од трговијата до Тајван и Јужното Кинеско Море да не навлезат во конфликт.

„Кинеските набљудувачи веруваат дека посетата (на Ванг) ќе го отвори патот за можна средба меѓу шефовите на двете држави, но додадоа дека Вашингтон треба да вложи конкретни напори за да одговори на загриженоста на Пекинг и да ја покаже својата искреност“, пишува кинескиот „Глобал Тајмс“, кој е под владина контрола.

XS
SM
MD
LG