Линкови за пристапност

САД објавија 500 милиони долари нова помош за Сирија


Кери ова го соопшти во Турција, каде се обидува да изгради коалиција за борбата против екстремистите на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

Државниот секретар Џон Кери соопшти близу 500 милиони дополнителна американска помош за оние кои ги зафатила сириската граѓанска војна.

Кери ова го соопшти во петок во Турција, каде тој се обидува да изгради меѓународна поддршка за борбата против екстремистите на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

Повеќе од 250 милиони долари од пакетот ќе оди за помош на над трите милиони сириски бегалци кои пребегале во соседните држави. Поголем дел од останатиот дел ќе се фокусира на цивилите раселени во рамки на Сирија.

Обединетите нации велат дека речиси половина од населението на Сирија било принудено да избега од цивилната војна, која се влошила откако екстремистите на Исламската држава зазеле поголема територија.

Кери е на еднонеделно патување да помогне во изградбата на коалиција за борба против екстремистичката група, која го шокираше светот со бруталната кампања на обезглавување и секташки убиства.

За време на разговорите со Кери во четврток во Саудиска Арабија, Турција одби да го прифати сеопфатниот план под водство на САД за поразување на сунитската милитантна група.

Десет арапски нации се приклучија на коалицијата, ветувајќи да помогнат на САД да ја уништи Исламската држава каде и да е, вклучувајќи ги Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG