Линкови за пристапност

Кери „охрабрен“ по средбата со новиот ирачки премиер


Ова тој го кажа пред обраќањето на претседателот на САД на националната телевизија кога Обама ќе го изнесе својот план за справување со екстремистите

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека е охрабрен од определбата на новиот ирачки премиер за борба против екстремистичката група Исламска држава.

Кери овие забелешки ги кажа во главниот град на Ирак, Багдад, каде се сретна со премиерот Хаидер ал-Абади во среда на почетокот на еднонеделното патување во регионот.

Највисокиот американски дипломат кажа дека е исто така оптимист што новата ирачка влада би можела да го обедини Ирак. Претходникот на Арабади, Нури ал-Малики, беше обвинуван за маргинализирање на ирачкото сунитско малцинство и за помагање на зголемувањето на екстремизмот.

Неколку часа откако Кери ја започна неговата посета на Багдад, ирачки официјални лица кажаа дека најмалку две автомобили бомби експлодирале во источниот дел на главниот град, убивајќи најмалку девет лица.

Разговорите на Кери дојдоа пред говорот на претседателот на САД во среда, кога Барак Обама ќе ја изнесе својата стратегија за справување со групата Исламска држава, која контролира делови од Ирак и Сирија.

Претставник на Белата куќа во среда кажа дека планот на пртседателот вклучува „американска воена акција и поддршка за силите кои се борат со ИСИЛ на теренот – и опозицијата во Сирија и новата инклузивна ирачка влада“.

Официјални лица дадоа малку поединости за тоа што Обама планира да каже на обраќањето од Белата куќа. Претседателот веќе исклучи испраќање американски сили назад во Ирак.

Во вторник претседателот ги брифираше демократските и републиканските лидери од двата дома на Конгресот за неговиот план. Тој им кажа дека верува оти не му треба формална конгресна дозвола пред да ги прошири армиските операции.

XS
SM
MD
LG