Линкови за пристапност

Кери: САД подготвуваат дополнителни санкции за Русија


Подготвени сме за нови санкции за Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Подготвени сме за нови санкции за Русија

Интервју на американскиот државен секретар Џон Кери за Гласот на Америка

Вчера, истиот ден кога претседателот Барак Обама ги прошири економските санкции против Москва со нови 20 руски пратеници и виши официјални лица и една банка што им дава поддршка, Кери рече дека САД нема да дозволат постапките на една земја да го уништат, цитираме, „поредокот по Втората светска војна“ и „меѓународната структура“. Вели, на претседателот Путин е да реши како ќе постапи понатаму.

„Подготвени сме да одговориме мошне, мошне енергично, со дополнителни, сериозни и секторни санкции доколку продолжат со илегални и провокативни чинови“, кажа Кери­.

Тој рече дека не верува оти напнатоста меѓу САД и Русија ќе се одрази на нивната работа на други меѓународни прашања како Авганистан, Сирија или пак разговорите за иранската нуклеарна програма:

„Разговорите се така важни за светот, за иднината на Иранците, иднината на нашите односи. Мислам дека Русија има длабок интерес ова да се реши – прашањата за програмата – затоа и е дел од напорот на групата П5+1 во кој сите се обединети и согласни дека Иран треба да покаже, како и сите други земји, за каква цел е програмата. Мислам дека Русија е посветена на ова.“

Западните земји го обвинуваат Иран дека ја користи програмата за збогатување на ураниум како параван за изработка на нуклеарно оружје. Официјален Техеран негира. Кери смета дека е можен договор и дека Иран има право на мирољубива нуклеарна програма, но дека таа мора да ги задоволи меѓународните стандарди, како транспарентноста, на пример.

„Иран знае дека нашиот основен став е - не може да има нуклеарно оружје. Ако програмата е мирољубива, тогаш е мошне лесно да покажете на сите дека тоа е така. Не е тешко, ако сте сериозен“, кажа Кери.

Средата, преговарачите на Иран и Групата пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија завршија со уште една рунда разговори, оценувајќи ја како суштинска и корисна. Преговорите ќе продолжат наредниот месец во Виена.
XS
SM
MD
LG