Линкови за пристапност

Кери вели дека врската САД-Саудиска Арабија е цврста


Релациите меѓу државите во последно време беа затегнати по прашањата за Сирија и Иран.

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека САД и Саудиска Арабија се согласни за тоа што мора да се случи во Сирија, и тој односот меѓу Вашингтон и Ријад го нарече стратегиски и издржлив.

Кери ова го кажа во понеделник на заедничка прес конференција со саудискиот Министер за надворешни работи Принцот Сауд ал-Фаисал по што уследија средби со Принцот Сауд и саудискиот Крал Абдула.

Главниот американски дипломат е во посета на Саудиска Арабија во време кога дипломатските врски меѓу двете нации изгледаа затегнати заради разликите по прашањето како да се постапи во врска со тековните борби во Сирија и иранската нуклеарна програма.

Саудискиот министер за надворешни работи на новинарите им кажа дека и покрај тактичките разлики, Саудиска Арабија и САД споделуваат исти цели за Сирија. Но тој исто така му кажа на Кери дека „вистински однос меѓу пријатели е заснован на искреност и отвореност, а не само на љубезност“.
XS
SM
MD
LG