Линкови за пристапност

Кери и Лавров започнаа круцијални разговори за Сирија


Пред почетокот на вечерните разговори во Женева, Кери рече дека очекувањата се високи и дека „ова не е игра“.

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров започнаа разговори доцна во четвртокот во Женева за начинот да се натера Сирија да го предаде својот арсенал на хемиско оружје.

Зборувајќи пред вечерната средба, Кери кажа дека се надева оти со дипломатијата ќе се избегне можна американска воена акција во Сирија заради наводната улога на сириските владини сили во нападот со хемиско оружје во предградие на Дамаск.

„Ние не можеме да дозволиме тоа да се случи повторно“, рече Кери, повторувајќи ги американските обвиненија дека сирискиот режим го оркестрирал нападот.

„Очекувањата се високи“, рече Кери за разговорите. „Ова не е игра“.
XS
SM
MD
LG