Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар Џон Кери заминува за Блискиот исток во понеделник во рамки на напорите за организирање на мировна конференција за Сирија.

Кери во среда ќе биде во Јордан за средбата на Пријателите на Сирија, каде нациите кои ја поддржуваат сириската опозиција ќе расправаат за разговорите што тој и неговиот руски колега, Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, ги предложија за следниот месец.

Нивниот план замислува доведување на едно место на опозицијата и сириската влада во потрага по нова, транзициона влада за прекинување на борбите кои траат повеќе од две години. Ниедна од страните нема кажано дали ќе присуствува.

Опозицијата планира да донесе одлука за време на средбата во четврток во Турција.

Листата на други можни учесници се` уште не е позната. Русија го повикува сојузникот на Сирија, Иран, да биде на средбата, но Франција вели дека не сака Иран да земе учество во разговорите.
XS
SM
MD
LG