Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар во ненајавена посета на Авганистан


Џон Кери пристигна во Кабул за разговори со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во врска со безбедноста и подготовките за авганистанските избори следната година.

Патувањето на главниот американски дипломат во Авганистан уследи по договорот за трансфер на последните авганистански затвореници држени од американската армија.

Претставници на американскиот Стејт департмент велат дека се уверени оти најопасните затвореници ќе продолжат да бидат чувани безбедно и во хумани услови.

Порано во понеделникот, Авганистан презеде целосна контрола врз притворниот објект Парван, лоциран во близина на американската воена база Баграм, од американските власти.

Трансферот требаше да се случи порано месецов, но нагло беше откажан непосредно пред церемонијата да почне.

Портпаролот на НАТО кажа дека трансферот ќе биде изведен откако двете страни постигнат согласнат „целосен договор“.

Договорот конечно беше постигнат во сабота, во телефонски разговор меѓу американскиот Секретар за одбрана Чак Хегел и претседателот Карзаи.

САД делумно го пренесоа затворот со големо обезбедување и околу 3.000 осомничени талибански борци во авганистанска контрола минатата година.

Но целосната авганистанска контрола врз затоворот неколку пати беше одлагано заради американска загриженост дека стотици други талибански борци се` уште во американски затвори би биле ослободени.
XS
SM
MD
LG